Лажна вест: Дисингер не си оди од Вардар

фото: вардар фанс

Левиот бек на европскиот ракометен шампион Вардар, Кристијан Дисингер, демантира дека по секоја цена сака да си замине од Вардар.

Дисингер на својот Инстаграм профил објави дека информацијата оти завршил со настапите во „црвено-црниот“ дрес е лажна вест.

„Апсолутно лажна вест. Не сакам да го раскинам договорот и посакувам успеси на Вардар. Лошо новинарство – Нема никаква приказна за мене“, напиша Дисингер на својот профил.

Тој минатиот месец зборуваше поинаку, поради беспарицата најави дека дека само чудо може да го задржи во Вардар.
– Состојбата е многу лоша, нема пари, а трошоците се зголемуваат. Притоа немаме земено плата половина година, а на некои ракометари им се должи и повеќе. Не ја гледам својата иднина тука и само чудо може да ме задржи во Вардар – изјави тогаш Дисингер.

Поради финансиската криза која го тресе европскиот шампион веќе неколку ракометари си заминаа од клубот, а најзвучно е тоа на Даинис Криштопанс кој сезоната ќе ја заврши во дресот на Фуксе Берлин, а добар дел од ракометарите веќе си најдоа ангажман за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот