Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини

Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам бил приведен во Кент, објави Би-Би-Си.

Едно лице е уапсено откако е испратен сомнителен пакет во фабриката за вакцини „АстраЗенека” во велшкиот град Рексам.

Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам бил приведен во Кент, објави Би-Би-Си.

Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.

Во соопштението се додава дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека инцидентот не го прекинал нивното производство на вакцината „АстраЗенека”.

Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно.

Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот