ЛАЖЕН САУДИСКИ ПАСОШ, ПАРИ И ДИЈАМАНТИ! Што беше сокриено во сефот на милијардерот и сексуален престапник?

профимедиа

Сојузните обвинители објавија дека при претресот во домашниот сеф на финансиерот Џефри Епстајн, обвинет за сексуална трговија со малолетни девојки, пронајдени се лажен пасош, многу пари и десетина дијаманти.

Американскиот обвинител, Алекс Розмилер откри на рочиштето за утврдување за евентуалната кауција за Епстајн дека пасошот е издаден во 80-тите години со фотографија на обвинетиот, но на друго име. Тoj исто така спомена за мистериозниот недостаток на финансиски податоци.

Обвинителите претходно споменаа дека федералните агенти пронашле низа разголени фотографии, за време на рацијата во куќата на Епстајн, по неговото апсење.

Судијата Ричард Бирман изјави дека веројатно во четврток ќе одлучи дали Епстајн ќе биде ослободен и судењето ќе го чека во домашен притвор во својата куќа во Менхетен.

На рочиштето, американскиот окружен судија Бирман рече дека веројатно својата одлука ќе ја објави на 18. јули во 9.30 часот, потенцирајќи дека му е потребно повеќе време да ги проучи материјалите кои му се доставени, пренесува „Ројтерс“.

Епстајн (66) се изјасни дека не е виновен и сега се наоѓа во затвор во центарот на Менхетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот