Кире Лазаров/РФМ

Лазаров со една промена во составот за натпреварот против Романија

Македонската репрезентација на Македонија денеска ја очекува клучниот натпревар против Романија, последен во групната фаза на Европското првенство во кој мораме да победиме, а потоа и да чекаме услуга од Данска за следна фаза.

Селекторот Кирил Лазаров ќе мора да направи одредени промени во составот, бидејќи поради повреда нема да може да смета на Петар Атанасијевиќ. Неговото место ќе го заземе Гоце Ојлески, додека надвор од комбинација за овој дуел останаа голманот Иван Галевски, пивотот Самоил Ристевски и левиот бек Дамјан Митев.

Во составот на Македонија за денешниот меч се: Митревски, Томовски, Џонов, Ојлески, Павле Атанасијевиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Аларов, Маркоски, Стојковиќ, Пешевски, Велковски, Серафимов, Кузмановски, Ѓорѓиев и Митев.

ВИДЕО | Одбраната на Мартин Томовски во Топ 5 на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот