Кирил Лазаров/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Лазаров по ремито со Унгарија: Горд сум на играчите, само вака да продолжиме

Македонската репрезентација ремизираше со Унгарија 27:27 (14:14) во првото коло од прелиминарната фаза на СП 2025 година.

Избраниците на Кирил Лазаров беа блиску до победа против апсолутните фаворити на овој дуел, влегувајќи во игра со посед на топка и предност од 27:26 во последните 35 секунди, но не можеа да се носат со пресингот на Унгарците. И горди и тажни на крајот на краиштата можат да бидат македонските љубители на ракометот, кои уште еднаш, како во 2009 и 2018 година, ги наполнија трибините на Арената во Вараждин.

Момците во жолти дресови одиграа одличен натпревар на отворањето на првенството. Предводени од експлозивниот Филип Кузмановски (10 голови), но и ентузијастичниот Никола Митревски (14 одбрани), македонскиот тим го направи она што никој не го очекуваше од нив.

– Жалиме што пропуштивме на крајот да победиме, но треба да бидеме задоволни од ваквиот резултат. Пресуди неискуството во последниот напад кога не успеавме да фаулираме. Унгарија е голема репрезентација која учествува на Олимписките игри, беше блиску до медал на ЕП и затоа сум горд на моите ракометари и без навивачите и целиот македонски народ немаше да го оствариме ова. Да не очекуваме ништо, само вака да продолжиме и мислам дека резултатот ќе си дојде – рече Лазаров.

Следен ривал на Македонија е селекцијата на Холандија на 17 јануари од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот