Лазаров: Благодарение на мојот бренд „КЛ7“ многу деца започнаа со ракомет

Фото: facebook.com/lazarovkiril7

Во својство на единствен сопственик и идеен творец на брендот „КЛ7“, Кирил Лазаров ја известува македонската ракометна и спортска јавност дека истиот е во процес на редефинирање на стратегијата за натамошен развој и повеќе не е дел од групацијата „Голден Арт“, „Рехау“ и други.

Селекторот и капитен нашата сениорска репрезентација му се заблагодарува на клубот за досегашната соработка и им посакува многу успех и уште многу општествено одговорни проекти во иднина.

– За натамошна комуникација на сите идни ракометни активности поврзани со брендот „КЛ7“ ќе ја користам единствено оваа платформа.

Брендот „КЛ7“ лично го градам повеќе од 25 години единствено преку сопственото знаење, способности и искуство и сметам дека го издигнав на високо ниво во меѓународни рамки гордо претставувајќи го македонскиот ракомет на светските арени.

Благодарение на овој мој бренд, многу деца во државава се мотивираа да започнат да се занимаваат со ракомет. Ако барем една третина од илјадниците дечиња кои до сега учествувале на „КЛ7“ ракометните кампови, сум успеал да ги оттргнам од пороците на денешницата и да ги насочам кон здрав физички и ментален развој, се сметам себеси за среќен човек. Тоа е мојот главен мотив за иден уште поквалитетен ангажман во ракометот.

Државата Македонија во мене вложи многу верба во спортски рамки, а јас со моето искуство стекнато во изминативе две децении интернационална спортска кариера ќе настојувам да го вратам дома – стои во известувањето на Лазаров до медиумите.

Лазаров донесе одлука: Следната сезона ќе биде последна за мене!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот