Фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina

Лавров: Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати остро предупредување до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на каков било напад би бил разорен. Во интервјуто за агенцијата ТАСС , шефот на руската дипломатија нагласи дека е важно да се повтори таа порака „за оние кои не разбираат“.

За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашиме дека Русија ќе нападне некого, рече Лавров и додаде дека „ ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде кразорен“.

Лавров потсети дека овој став јавно го искажа неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на руската држава претходно објави дека во случај на напад со западно оружје со долг дострел длабоко на територијата на Руската Федерација, ќе следи „зачудувачки одговор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот