Лашана Линч одблизу: Првата афроамериканка пишува историја со својата улога во „007“

Instagram
Instagram

Британската актерка Лашана Линч (32) почна сигурно да чекори во филмската индустрија. Нејзината најнова улога, која воедно ќе биде дефинирачка за нејзината кариера е голем пресврт во филмот „No Time to Die“ или 25-тото издание на серијалот Бонд. Во новото продолжение таа ќе ја глуми Номи, тајниот агент кој го наследува „007“ додека самиот Бонд е во егзил.

Instagram

Додека не нè киднапираат или пригушат, кога имам можност секогаш зборувам како да е последен пат“, неодамна изјави во интервју за списанието „Bazaar“.

Од нејзините почетоци, Линч ги разгорува нејзините ликови со ист интензитет, жестока моќ и присутност. Оваа актерка ја раскажува вистинската приказна за афроамериканската жена, со искрена комуникација и цел.

Instagram

InstagramПрвично, Линч била со резерва за улогата во новиот филм на Џејмс Бонд, но имајќи го предвид фактот дека во сценариото за прв пат е внесена нова женска перспектива тоа било тригерот кој ја натерал да ја прифати улогата.

Лик кој е премногу измазнет, како од леано железо е целосна спротивност на тоа за што се залагам како човек“, вели Линч.

Instagram
Instagram

Не сакав да ја изгубам шансата кога станува збор за тоа што може да преставува ликот на Номи. Барав барем еден момент во сценариото каде членовите на афроамериканската публика би биле со наведната глава, но мило ми е што видов токму сротивно претставување. Во секој проект во кој учествувам, без оглед на буџетот или жанрот, афроамериканското искуство што го презентирам треба да биде 100% автентично“, изјави актерката.

Со оглед на тоа дека Линч е дете на имиграти, во интервјуто беше запрашана какво било нејзиното искуство од сминањето филм за Бонд во татковината на нејзините родители.

Подлабоко разбирање за она што избрав да го работам, за луѓето за кои го правам тоа. Разбирање на привилегиите како мигрант роден во Велика Британија што ми го дадоа моите родители и баби и дедовци доаѓајќи во Англија. На некој начин, тоа ми служи како „благодарам“ за нивната жртва“, изјави таа.

Instagram
Instagram

Линч вели дека нема време за таканаречените сојузници кои не се конзистенти со својата поддршка.

Ме фрустрираа кога одредени брендови одеднаш најдоа архиви на филмови од афроамериканц и ги објавуваат на своите платформи. Сега ќе користите афроамериканци во вашите реклами? Одеднаш сите одлучија дека постоиме. Каде беше ова порано?“, со револт раскажува Лашана.

Instagram
Instagram

Актерката ја гледа својата улога во „No Time to Die“ како чекор во вистинска насока, како начин за спротивставување на расните и половите стереотипи кои опстојуваат предолго.

Се чувствувам многу благодарно што се спротивставувам на овие наративи. Се оддалечуваме од токсичната мажественост и тоа се случува затоа што жените се отворени, бараат и гласно повикуваат на лошо однесување“, вели таа.

Уметноста мора да остане искрена и отворена за нашите искуства, дури и кога тоа е засташувачко.

Сега сме во време кога уметниците имаат доволно колективна енергија да предизвикаат промени. Треба многу да се работи на тоа, искрено да се разговара. Насловната страница на списанието е веќе убава, зборовите не мора да бидат“, додава Линч.

Премиерата на филмот „No Time to Die“ е закажана на 2 април 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот