Лари Кинг им оставил сè на своите деца: Не ја ни спомнал неговата сопруга

Profimedia
Фото: Профимедиа

Легендарниот радио и телевизиски водител Лари Кинг кој почина на 88 годишна возраст на 23 јануари годинава оставил имот вреден 2 милиони долари.

Имено, славниот водител им оставил огромна сума пари на своите деца. Тој на рака го напишал тестаментот пред да умрат две од неговите пет деца, се наведува во извештајот.

Легендарниот Кинг во тестаментот потенцирал дека сè треба да се „подели подеднакво меѓу неговите деца Енди, Чаи, Лери Џуниор, Шанс и Кенон“, пренесува „TMZ“. Ѕвездата на „Си-Ен-Ен“ ја напишал својата желба за поделбата на наследството на 17 октомври 2019 година.

Profimedia
Profimedia

2020 година беше многу тешка година за Кинг. Во период од три недели, тој ги загуби синот Енди, кој почина од срцев удар и ќерката Чаја која почина од рак на белите дробови на 52-годишна возраст.

Тоа беше два месеци откако тој поднесе барање за развод од неговата седма сопруга Шон, која воопшто не била спомната во тестаментот.

Како што пишуваат странските медиуми, Лери Кинг Џуниор бара од судот да го назначи за администратор на имотот на неговиот татко, имајќи предвид дека неговиот татко сè уште беше во фаза на развод кога почина.

Profimedia
Лари Кинг и Шон/ Profimedia

Имотот на Лери Кинг се проценува на 2 милиони долари, но во тоа не спаѓаат парите шти ги вложил во многу инвестиции.

Лери зад себе имаше 8 брака и 7 поранешни сопруги, затоа што двапати се оженил со Алик Акинс, а од браковите имал пет деца, за ко во повеќе наврати изјавуваше дека му се целиот негов живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот