Лапни, голтни: Монте – Неодоливо вкусна торта која не се пече (РЕЦЕПТ)

Трислојна кремаста Монте торта која само чека да ја послужите со шолја кафе…

Потребни состојки:

Бисквити
1 л млеко
100 г скробно брашно
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
125 г путер
500 мл слатка павлака
200 г чоколадо
Малку рум

Начин на подготовка:

На дното на помала тава за печење наредете еден ред бисквити и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

За првиот кремаст слој, најпрво ставете го млекото да се загрее и додајте малку рум. Во друг сад измешајте ги шеќерот и брашното со малку ладно млеко за да добиете мазна густа смеса. Кога млекото ќе зоврие, додајте ја оваа смеса и варете на тивко мешајќи постојано околу 2 минути. Во жешката смеса додајте го и путерот и прелијте го добиениот крем врз бисквитите.

За чоколадниот слој, на слаба температура загрејте ја слатката павлака во која треба да е ставено и чоколадото исечкано на парчиња. Кога чоколадото ќе се стопи, прелијте го врз колачот. Ставете го колачот во фрижидер да се излади и уживајте во лесниот кремаст десерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот