Ланишек победник на скокалницата во Гармиш Партенкирхен

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек го освои првото место во Гармиш Партенкирхен во рамките од турнејата „Четири скокалници“.

Денеска во Гармиш-Партенкирхен се одржа втората станица од традиционалната турнеја „Четири скокалници“.

Ланишек беше најдобар во првата рунда скокајќи 136 метри со 144.6 поени, додека во втората скокна 137 со 151.2 поени. На крајот вкупно освои 295.8 поени што беше доволно да биде пред Јапонецот Рио Кобајаши (292.6) и Германецот Андреас Велингер (291.4).

На турнејата „Четири скокалници“ лидер Велингер со 600 поени, пред Кобијаши со 598.9, додека трет Штефан Крафт со 575.5 поени.

Натпреварувањето сега продолжува во Австрија каде што на 3-ти јануари е настанот во Инсбрук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот