Лам нов претседател на ДФБ

EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Капитенот на германската репрезентација која во 2014 година триумфираше на Светското првенство, Филип Лам најверојатно е идниот претседател на Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Сегашниот претседател Рајнхард Гриндел, го најави своето заминување од функцијата поради загубената доверба прдизвикана од неколкуте скандали.

Гриндел од 2016 година е на чело на ДФБ но во последната година со дебаклот на германската репрезентација на СП 2018 година кога не ја минаа групната фаза, се случија и неколку расистички скандали, а и Месут Озил изјави дека токму Гриндел е еден од главните виновници за неговата одлука да не игра за репрезентацијата.

Лам се пензионира пред две години и оттогаш е активен во германскиот фудбал, тој беше амбасадор на германската кандидатура за ЕП 2024 која и на крајот неговата земја ја доби организацијата.

Тој исто така доби и понуда да биде директор во Баерн Минхен, тимот во кој ја мина целата играчка кариера, но ја одби понудата со образложение дека во клубот се зависи од Ули Хенес.
Клубовите и навивачите го гледаат токму Лам како идеален предводник на ДФБ со кој германскиот фудбал би се вратил на европскиот и светскиот врв.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот