Лајчак: Средбата Вучиќ Курти беше тешка, не е постигнат значаен напредок

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по денешната рунда преговори меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер изрази разочараност, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Средбата беше тешка и покажа многу различни пристапи на двете страни кон нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Како последица на ова постигнавме многу малку напредок денес, изјави Лајчак.

Тој потврди дека се разговарале за повеќе предлози, но дека за сега единствен заклучок е дека преговорите ќе продолжат.

-Страните се согласија дека нивните главни преговарачи ќе одржуваат средби секој месец, со олеснување на Европската Унија, за справување со тековните прашања и подготовка на следните средби на високо нови кога тоа ќе биде потребно.

Ова е втора рунда преговори откако Албин Курти стана премиер на Косово.

Следната лидерска средба меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер ќе се одржи во септември.

-За нас, за ЕУ, важно е да истакнеме дека европската иднина на Србија и Косово зависи од нормализацијата на нивните односи. Затоа очекуваме двете страни да соработуваат за надминување на наследството од минатото и да ги решат крупните прашања кои постојат меѓу нив, изјави Лајчак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот