Лајчак и Ескобар денеска во Белград, утре во Приштина

Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак/ Фото Twitter

Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и американскиот емисар за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска ќе престојуваат во Белград, а утре ќе ја посетат Приштина, дознава Теве 1.
Портпаролот на Европската унија Петер Стано изјави дека Лајчак и Ескобар ќе бидат во Косово и Србија во понеделник и вторник, со цел да се вклучат во деескалација на тензиите на северот на Косово.

Стано претходно најави дека претставници на САД и ЕУ прво ќе го посетат Косово, па Србија, но, како што пренесуваат албанските медиуми во Приштина, тие и денеска ќе бидат во Белград, а за време на посетата на Косово ќе го посетат и северот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот