Лагард гледа црни прогнози: „Се плашам дека ништо не е готово – подготвувајте се за втор бран“

– Веројатно ја поминавме најниската точка, и тоа го кажувам со доза на страв бидејќи би можело да дојде до сериозен втор бран, истакна Лагард на онлајн конференција, пренесува „Ројтерс“.

Еврозоната „веројатно го помина“ најлошиот дел од економската криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард повикувајќи ги притоа властите да се подготват за втор бран.

– Веројатно ја поминавме најниската точка, и тоа го кажувам со доза на страв бидејќи би можело да дојде до сериозен втор бран, истакна Лагард на онлајн конференција, пренесува „Ројтерс“.

ЕЦБ денеска објави извештај според кој кредитирањето на компаниитеод еврозоната продолжува да расте во мај, бидејќи компаниите засилено се потпираат на банкарските заеми за ликвидност, премостувајќи го проблемот предизвикан од пандемијата за повторно покренување на работниот процес.

Кредитирањето нефинансиски корпорации пораснало во мај за 7,3 отсто во однос на растот од 6,6 проценти забележан претходниот месец, што пак е највисока стапка од почетокот на 2009 година.

Растот на заемите за домаќинствата останува стабилен на 3 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот