Лага е дека сопатниците од комбето во кое патувала пациентката со „коронавирус“ утре ќе излезат од карантин

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за здравство апелира граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции.

Иако во Македонија бројот на пациенти кај кои е утврдено присуство на коронавирус е еден, сепак, неодговорното пласирање на неточни и непроверени шпекулации и дезинформации кои креираат паника кај граѓаните не стивнува.

Постојано се лицитира со бројот на заболените, на интернет форумите и во затворените групи се изнесуваат непоткрепени тврдења „од сигурни извори“ кои воопшто не се точни.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции.

Една од шпекулациите кои беа објавени на интернет од луѓе кои тврдат дека лично се познаваат со едно од лицата во комбето, беше и онаа дека наводно „на патниците од комбето кои се во домашна изолација им било понудено утре, вторник самите да си го платат тестот за присуство на коронавирус, па ако е негативен, дека ќе може да излезат од домашната изолација порано од предвидените четиринаесет дена“.

„Слободен печат“ ја провери ваквата информација во Министерството за здравство од каде добивме одговор дека станува збор за група дезинформација.

-Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна за коронавирус се во домашна изолација. Информацијата дека им било понудено утре да излезат од карантин не е точна. Тие ќе бидат во домашна изолација најмалку 14 дена според процедурите, а потоа ќе следи евалуација. Во однос со состојбата со коронавирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции- велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот