Реферирање за борбената готовност во дом АРМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Лафчиски: Армијата е целосно подготвена да ја одбрани државата

Во Домот на Армијата во Скопје денеска се одржа редовното годишно реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова. На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и генерали од Армијата.

Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој ги презентираше реализираните задачи и постигнатите резултати во областа на персоналот, обуката и вежбите, опремата и инфраструктурата, военото планирање, модернизацијата и буџетот. Тој истакна дека Армијата е целосно подготвена да ја извршува својата уставна улога во одбраната на државата, како и да ги исполнува националните и меѓународните обврски, вклучително и придонесот во колективната одбрана и мировните операции.

Реферирање за борбената готовност во дом АРМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Генералот Лафчиски нагласи дека во изминатата година успешно се реализирани сите планирани задачи, при што беше потенциран високиот степен на подготвеност на припадниците на Армијата, напредокот во модернизацијата и значајната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната и глобалната безбедност. Тој додаде дека и покрај тоа што борбената готовност е на потребното ниво, Армијата ќе продолжи со нејзино континуирано унапредување во согласност со целите на способности кон НАТО за 2025 година.

Претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека македонската армија претставува еден од најстабилните и најдоверливите столбови на државата и значаен фактор на регионалната и колективната безбедност.

Зелено светло за набавка на воена опрема од САД – еве што ќе добие Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски порача дека Министерството останува целосно посветено на модернизацијата и опремувањето на Армијата, нагласувајќи дека инвестициите во современа опрема и војниците се клучни за безбедноста на државата и граѓаните.

Реферирањето за борбената готовност претставува редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот кон претседателот и врховен командант на Вооружените сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот