Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Лабораторијата на нуклеарната централа Запорожје била нападната со дрон, соопшти Mеѓународната агенција за атомска енергија

Нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во југоисточна Украина ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата дека беспилотно летало ја таргетирало нејзината лабораторија за контрола на надворешно зрачење, пренесува Ројтерс.

Според МААЕ, нема пријавени повредени и сè уште не е познато дали нападот ја оштетил лабораторијата, која се наоѓа надвор од периметарот на нуклеарната централа.

Тим на МААЕ на локацијата побарал пристап до лабораторијата, изјави генералниот директор Рафаел Гроси, повторувајќи дека сите напади во близина на нуклеарните локалитети можат да претставуваат ризици за нуклеарната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот