Квалификации за ЕП: Одбојкарите денеска по втор триумф против БиХ!

Најдобрите македонски одбојкари вчера го загубија натпреварот со Турција со 3:1 во третото коло на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство во септември.

Повторно имаа позитивни моменти, како блесокот во вториот сет, но и драстични падови во играта кои можат скапо да го чинат „црвено-жолтиот“ тим.

Веднаш стартува и вториот квалификациски турнир во нашиот главен град, вторпат против Босанците во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играме денеска од 18.00 часот.

Со оглед дека и второто место може да обезбеди пласман на континенталниот самит, потребна ни е максимална победа со 3:0 над Босна и Херцеговина, а потоа уште некој сет, бод или победа над Турците в сабота за да ги зголемиме надежите за второ учество на европските првенства.

Квалификации за ЕП 2021

Група „Ц“

Денеска, 18.00 часот Македонија-Босна и Херцеговина

Табела: Турција 6 бодови (6:1), Македонија 3 бодови (4:4), Босна и Херцеговина 0 бодови (1:6).

Ѓорѓиев: Одигравме подобро отколку со БиХ, но недоволно за победа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот