Кузманоски од вториот прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер

фото: РК Е. Пелистер

Цветан Кузманоски од денеска е нов член на првиот тим на Еурофарм Пелистер. Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен.

21-годишниот Кузманоски е изданок на школата на Струга, клуб во кој две години по ред беше најдобар стрелец во Суперлигата. Се пресели во Еурофарм Пелистер 2 во летото минатата година и се наметна во тимот на Александар Јовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот