Кузеска: Власта е во хаос, нема ниту еден кредибилен аргумент зошто Таравари ја напушти коалицијата
Богданка Кузеска од СДСМ вечерва во „Отворено“ на ТВ „24“ рече дека во цела владина коалиција е во хаос. Според неа, нема ниту еден кредибилен аргумент кој покажува зошто Таравари ја напушти владата.
Препорачано
„Во владината коалиција е хаос. Не слушнав ниту еден аргумент кој е кредибилен зошто Таравари ја напушти коалицијата. Тие одат на дискредитација на личноста, класика за ВМРО-ДПМНЕ и несериозно е власта да зборува чаршиски муабети. Ова е потврда дека станува збор за поделба на проценти, функции и тендери и тоа покажува дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е на тендери, функции и бизнис-интереси. Излегувањето на Таравари значи и покажува дека владината коалиција не е стабилна и мислам дека времето тоа ќе го покаже“, рече Кузеска.
Таа зборуваше и за тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ има функционери кои биле инволвирани во истраги на поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Според неа, кај власта има тендери кои се делат по фамилијарни врски.
„Колку ВМРО-ДПМНЕ има функционери кои биле инволвирани во предмети на Специјалното јавно обвинителство? Случаи за кои има разрешници. Гледаме тендери по фамилијарни врски. Пример – тендерот во министерството кај Стефан Андоновски. Она што го прават е да напаѓаат на опозицијата само да дефокусираат. Да зборуваме за тендери во општина Аеродром. Стартот ви беше лош. Не сте фокусирани на граѓаните“, рече Кузеска.


