Кувајт: Чад се издига од областа каде што се наоѓа амбасадата на САД
Столб од густ чад се издига од областа каде што се наоѓа американската амбасада во Кувајт, а пожарникарите се упатиле кон областа и работат, додека персоналот од амбасадата е во засолниште во објектот, пренесува Ројал њуз.
Препорачано
Во исто време, компанијата KIPIC на емиратот објави дека беспилотно летало удрило во рафинерија, при што биле повредени двајца работници. Претходно, властите соопштија дека воздушната одбрана пресретнала – неодреден – број беспилотни летала.
Според генералниот директор за цивилна одбрана во кувајтското Министерство за внатрешни работи, Мохамед Ал-Мансури, воздушната одбрана пресретнала „одреден број воздушни цели во зори“.
Како одмазда за американските и израелските бомбардирања од саботата, во кои беа убиени врвни државни лидери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи, Техеран започна напади во сите правци против арапските држави во регионот, таргетирајќи ги американските бази и објекти што ги користат пред сè САД. Најмалку едно лице е убиено, а 32 други се повредени во Кувајт – сите странци – поради иранска одмазда, според податоците на Министерството за здравство објавени во недела.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Кувајт ги повикува граѓаните да избегнуваат одење во амбасадата и да останат дома.
„Не доаѓајте во амбасадата“, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница. „Останете во заштитен простор од вашиот дом, на најнискиот достапен кат и подалеку од прозорците. Не излегувајте надвор.“
Исто така, се повикуваат американските граѓани во Кувајт да „останат во безбедно засолниште, да ги разгледаат безбедносните планови во случај на напад и да останат будни за можни дополнителни идни напади“.
Персоналот на амбасадата на САД „останува во безбедно засолниште“, се додава во соопштението.
Кувајт утрово пресретна непријателски дронови, третиот ден по ред од иранските одмазднички напади врз соседните земји од Персискиот Залив како одговор на нападите на САД и Израел врз Исламската Република.
Според очевидци на Ројтерс, утрово се слушнале серија гласни експлозии во Дубаи и главниот град на Катар, Доха. Претходно, во Кувајт се слушнаа гласни тресоци и сирени, јавија очевидци.
ВИДЕО | Американски Ф-15 соборен во Кувајт, пилотите се катапултирале во последен момент


