Куркумата е многу здрава, но постои група луѓе кои не треба да ја консумираат

Лековитите својства на куркумата се неприкосновени, но како и за секој природен препарат, треба да се внимава при нејзиното консумирање. Постои група луѓе кои не треба да ја консумираат, а тоа се:

Трудници и доилки

Тие можат да ја користат како зачин во мали количини, но не и да ја земаат како дополнителен препарат во исхраната. Куркумата ја стимулира матката, може да предизвика нерегуларни крварења, па дури и да ја намали подвижноста на сперматозоидите, во случаи кога парот сака да зачне. Дури и мажите не смеат да претеруваат со неа, доколку планираат семејство.

Камен во жолчка

При оваа состојба, кога лицето има проблеми со жолчната ќеса, најдобро е куркумата воопшто да не се консумира, бидејќи ги интензивира болките.

Камен во бубрег

Претераниот внес на куркума го зголемува ризикот од создавање камен во бубрег. Ако имате семејна историја на создавање камења во уринарниот тракт, внесувајте куркума во сосема мала количина.

Луѓе со дијабетес

Дејството на куркумата кај дијабетичарите е многу истражувано. Заклучокот е дека може да се користи само доколку не користите лекови за дијабетесот, бидејќи во спротивно се зголемува ризикот за хипогликемија.

Луѓе кои треба да бидат оперирани

Ако имате закажана операција, не консумирајте куркума најмалку три недели пред интервенцијата. Куркумата е антикоагулант и може да го отежни зацелувањето на раната.

Дигестивни проблеми

Ако имате гастритис, чир на желудникот или дигестивни проблеми, куркумата може да ги влоши симптомите и да предизвика непријатност. Луѓето кои страдаат од овие состојби треба да бидат претпазливи и да се консултираат со лекар пред да користат куркума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот