КУРДИТЕ ЈА ОБВИНИЈА ТУРЦИЈА: Ердоган користи забрането оружје во воените напади

Курдските власти во североисточниот дел на Сирија ја обвинија Турција дека во нападите користи забрането оружје, како на пример напалм и фосфорна муниција.

Засега нема официјална потврда за употреба на такво оружје од почетокот на воената интервенција од страна на Турција и нејзините сириски сојузници.

Во соопштение издадено седум дена по почетокот на воената интервенција, курдската администрација наведува дека Турција употребила забрането оружје поради неочекувано силниот отпор на курдските борци во пограничниот град Рас ал Аин.

– Турската агресија ги користи сите расположливи оружја против Рас ал Аин, се вели во курдската изјава.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган досега го игнорираше меѓународниот притисок за прекин на офанзивата, во која досега загинаа десетици цивили и раселени се повеќе од 300.000 луѓе.

Прочитајте и...  МИОА: Граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона, да се заштитиме себе и нашите најблиски!

– Соочен со очевиден неуспех на неговиот план, Ердоган прибегнува кон оружје кое е забрането низ светот, како што се фосфор и напалм, се додава во соопштението.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, како и британската група за набљудување со широка мрежа на свои извори на самото место, досега не потврдиле употребата на напалм или бел фосфор.

Но, шефот на сирискиот центар Рами Абдел Рахман изјави дека во изминатите два дена имало зголемен број на повреди од изгореници, главно кај жртви во реонот на Рас ал Аин.

Портпаролот на Сириските демократски сили, Мустефа Бали ги повика меѓународните организации да испратат експерти, кои ќе извршат проверка.

Прочитај повеќе

Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Слободен печат

Прва жртва на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат

Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Слободен печат

Почна седницата на Советот за безбедност – Се одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Слободен печат

Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Слободен печат

Пронајден малолетник кој се водеше за исчезнат во Скопје

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Минеаполис воведен полициски час, твит на Трамп сокриен поради „глорификација на насилство

Слободен печат

Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата

Слободен печат

Израел размислува за повторно воведување рестриктивни мерки

Слободен печат

Општина Центар креира протокол за прием на првачиња за учебната 2020/2021

Слободен печат

Меркел ја одби поканата на Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7

Слободен печат

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од вторник, во три групи

Слободен печат