Курц сослушан од парламентарен истражен одбор за аферата „Ибица”

epa08340437 Austrian Chancellor Sebastian Kurz puts on a face mask during a session of the parliament at the temporary parliament building at the Hofburg Palace in Vienna, Austria, 03 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Курц пред Комитетот денеска кажа дека неговата партија не прима никакви донации од одредени кругови, вклучително и компании што се занимаваат со игри на среќа, како „Новоматик”.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска одговораше на прашања од парламентарната комисија за истраги на корупцијата, таканарелениот комитет „Ибица”.

Членовите на одборот побараа од Курц да им ги предаде својот календар и пораките од  мобилниот телефон, што ги разменувал со поранешниот лидер на Слободарската партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе.

Курц го одби барањето, кажувајќи дека сите релевантни документи од својот прв канцеларски мандат му ги предал на државниот архив, што тој бил должен да го стори според закон, а дека календарот е нешто што не  припаѓа на таа обврска.

Истражниот комитетот „Ибица” беше формиран во мај минатата година откако на виделина се појавија видеата на Штрахе, кој во 2017 година во Ибица, на роднина на руски милијардер и ветувал државни бизниси за донација на неговата партија, заобиколувајќи ги контролните инстанци.

Откако се појавија видеата Штрахе поднесе оставка од позицијата вицеканцелар и шеф на ФПО, а по само неколку дена „падна” и заедничката влада со Народната партија на Курц (ОВП).

Курц пред Комитетот денеска кажа дека неговата партија не прима никакви донации од одредени кругови, вклучително и компании што се занимаваат со игри на среќа, како „Новоматик”, на пример. Тој, исто така, рече дека назначувањата на лица на одредени позиции во компании и институции биле направени во согласност со важечките правила.

-Јас не ги измислив овие правила. Се разбира, тие имаат свои слабости, но ние не знаеме подобро, рече Курц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот