Курц очекува договор со Германија за отворање на границите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот туризам е многу зависен од германските гости. Само минатата година, германските гости учествуваа со околу 37 отсто од вкупните 79 милиони ноќевања, а домашните гости само со 30 отсто.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц очекува договорот со Германија за отворање на заедничката граница да се постигне до почетокот на летото, мерка што беше воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Јас сум оптимист дека во следните недели ќе најдеме решение со Германија, истакна Курц потсетувајќи дека и двете земји во моментов имаат ниски стапки на нови инфекции.

Тој посочи дека со Европската комисија разговара за создавање „фер правила” за отворање на границите.

-Договорот ќе се донесе веднаш откако Германија биде подготвена за тоа, рече Курц.

Инаку, австрискиот туризам е многу зависен од германските гости. Само минатата година, германските гости учествуваа со околу 37 отсто од вкупните 79 милиони ноќевања, а домашните гости само со 30 отсто.

Туризмот е многу важна гранка за австриската економија, бидејќи учествува со 15,4 отсто во БДП-то.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот