Курц ќе работи за донаторот на Трамп – Питер Тил

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц ќе гради кариера надвор од политиката, како што претходно се дозна, во САД, а сега се знае и каде – кај советникот и донатор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, милијардерот Питер Тиел.

„Политичкиот вундеркинд“ како што го нарекуваа Курц, ќе почне да работи како глобален стратег во првиот квартал од следната година во компанијата „Тил Капитал“.

Американскиот инвеститор Питер Тил е републиканец и го поддржува поранешниот американски претседател Доналд Трамп.


Во финансискиот свет Тил се здоби со репутација како инвеститор во Facebook, но и ко-основач на онлајн платформата за плаќање Пејпал ( „Paypal“).

Неговиот имот се проценува на неколку милијарди долари. Концертот на Тил се одржува во Силиконската долина.

Курц и Тил, кој има германско потекло, се познаваат со години. Така се сретнаа во 2017 година, кога Курц сè уште беше шеф на австриската дипломатија на Минхенската безбедносна конференција.

Курц според плановите нема да живее во САД туку ќе патува со семејството меѓу САД и Австрија.

Најмладиот шеф на владата во Европа овој месец целосно се повлече од австриската политика, откако против него беше покрената истрага поради корупција и поткуп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот