Кумуцакос испрати писмо до ЕК со грчките позиции за заедничка политика за миграција и азил

Солидарноста и поделба на товарот меѓу земјите членки и дополнително искористување на грчките иницијативи се дел од основните грчките ставови и размислувања кои алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос ги споменува во писмото испратено до потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во однос на заедничката политика за миграција и азил на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Кумуцакос ја истакна неодложната потреба останатите земји членки на Европската унија да покажат ефективна солидарност до земјите членки од првата линија, како што е Грција. Исто така, ја потенцираше и потребата за поделба на товарот со соодветна помош за земјите членки од првата линија, бидејќи границите на тие држави се исто така граници на Унијата. Покрај тоа, се фокусираше на потребата од дополнително искористување на иницијативите што Грција веќе ги изнесе, односно трилатералната иницијатива Грција- Кипар Бугарија за Источниот Медитеран, иницијативата за создавање на европски механизам на враќања и иницијативата за борба со нелегалните мрежи со криумчарње мигранти, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција во однос на писмото од Кумуцакос упатено до Европската комисија.

Прочитајте и...  Се укинува забраната за извоз на брашно, залихи има доволно

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција денеска ќе потпише договор со директорката на Европската канцеларија за поддршка на азил, Нина Грегори за отворање на седиште на службата во Атина.

Прочитај повеќе

Коронавирусот ги исплаши Кинезите: Во Шенжен забрането месо од кучиња и мачки

Слободен печат

Во Перу воведени одвоени ограничувања за движење на мажите и жените

МИА Агенција

Убави вести од Италија: Бебе се опорави од коронавирусот како и целото семејство

Слободен печат

Расте бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе во Европа

Слободен печат

Филипче: Коронавирусот нема да исчезне туку така

Слободен печат

Пожарникари со кран извлекуваа болен од коронавирус од стан во Лондон (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасовски: Aпелирам до граѓаните на Куманово да бидат присебни, ова беше тешка, но неминовна одлука

Слободен печат

Германците се тестираат од коронавирус на паркинг: Доаѓаат со возило, даваат брис и дома ги чекаат резултатите (ВИДЕО)

Слободен печат

Американски генерал пренесува искуства од борбата со вирусот во Јужна Кореја

Слободен печат

Во сенка на пандемијата на коронавирусот се води војна околу нафтата

Дејан Андоновиќ

Би-Би-Си: Овие 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19

Слободен печат

Алијанса за Албанците: Целосната забрана за движење во Куманово за време на викендот создава контра-ефекти

Слободен печат