Кумот на Веља Невоља веќе убил дваjца свои кумови

Вељко Беливук, 2021 / Фото: Фејсбук

Врската меѓу Вељко Беливук и неговата десна рака Марко Миљковиќ-Месарот неколку месеци пред нивното апсење воопшто не била кумска, како што беше претставено во јавноста, пишува „24.седам“.

Миљковиќ планирал ликвидација на својот шеф со што би го довел на чело на кланот.

Познато е дека Беливук и Миљковиќ имале многу нарачки од самиот врв на „кавачкиот клан“ за кој наводно се занимавале и заедно планирале да се ослободат од водачот на овој клан Радоје Звицер. По меѓусебната омраза кон Звицер, тие се свртеа еден против друг.

Миљковиќ го подготвувал теренот да ја преземе челната позиција во кланот, најмногу незадоволен од сумата на пари што ја добил при делењето на пленот со Беливук. Околу себе собрал неколку од најважните соработници на кои Беливук можел да се обложи, убеден во нивната лојалност и на тој начин смислил „пеколен план“ кој бил саботиран со апсењето на целиот клан.

Миљковиќ има историја кога се во прашање кавгите со кумовите и најдобрите пријатели, тој веќе убил двајца свои кумови – каратистот Властимир Милошевиќ и Мирко Којиќ Која.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот