Куманово без мака го реши Работнички

Кошаркарот на Куманово 2009, Ненад Зивчевиќ/Фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Куманово со убедлив триумф над Работнички од 72:54 го завршија настапот во регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

Кумановци многу подобро го отворија дуелот со најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија и по првата четвртина имаа предност од девет поени (22:13). Во втората четвртина, кумановци продолжија во ист ритам и успеаја да дојдат до двоцифрена предност и на одмор заминаа со плус 13 (38:25).

Двоцифрената предност, домашните кошаркари ја одржуваа и во второто полувреме, а веќе во 27 минута дојдоа и до убедливи 52:34 по што рутински го приведоа натпреварот до крајот.

Андрија Марјановиќ со 22 поени беше најдобар во редовит ена Куманово, Душан Јузбашиќ даде 19 поени, додека кај Работнички се истакна Даниел Нацевски со 14 постигнати поени.

Во драматичен натпревар исполнет со многу промени на водството, кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув со 78:80 и ја прекинаа серијата од четири порази по ред.

Домашниот тим беше подобар во првата четвртина која ја доби со 29:22, но Гостивар се врати во втората четвртина во која успеа да израмни, дури и да поведе со минимални 43:44, а подоа до полувремето стигнаа и до 43:48.

Во третиот период од натпреварот, кошаркарите на Кожув успеаја да фатат резултатски приклучок и со тројката на Главчев измранија на 59:59. Но Гостивар имаше одговор, направи серија од 2:9 и поведе со 61:68.

Во последната четвртина, домашните кошаркари се враитја целосно во натпреварот благодарение на серијата 17:3 со која поведоа со 78:71. Но, кошаркарите на Гостивар имаа одговор и големата серија на Кожув, со поените на Гетлинг и на Тодоровиќ, на една минута до крајот поведоа со 78:79.

Потоа и двете екипи имаа неколку промашени шутеви, по што Гетлинг од линијата за слободни фрлања ја завери победата на Гостивар.

Никола Силаџи со 22 поени беше најпрецизен кај Гостивар, додека во редовите на Кожув се истакна Тач Унрих со 19 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот