Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација

Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение против А. М., 28-годишен маж од Куманово, за силување и грабеж на венецуелска државјанка која се занимавала со проституција. Македонецот е во притвор, пишува Zadarski.hr.

За неговиот соучесник во грабежот, 34-годишниот В. Д. од Задар, кој исто така е во притвор, обвинителството бара да биде осуден затоа што го сторил делото како непресметлив, и соодветно на тоа, да му се наложи сместување во психијатриска установа.

Во обвинението се наведува дека на неодреден датум помеѓу средината на мај и средината на јуни 2025 година во Задар, кумановецот ја запознал Венецуелката која се занимавала со давање сексуални услуги и имал со неа сексуален однос, за што платил.

Во неколку наврати, тој доаѓал во становите што таа ги користела во Задар и барал да има сексуални односи со него, а кога таа одбила и јасно рекла дека не сака, тој ѝ се заканил дека ќе ги доведе своите пријатели кои ќе ѝ наштетат, дека ќе ја повика полицијата и ќе ја пријави како проститутка.

Користејќи го стравот што го создал кај неа по тие закани, А.М. имал сексуални односи со Венецуелката двапати без нејзина согласност. Првиот случај на силување бил во стан во Задар, а вториот во стан во Сплит, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот