Куман и натаму не може да ја води Барса на официјални натпревари!

роналд куман на тренинг/twitter/FC Barcelona

Новиот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман, барем засега не може да ја води екипата од тренерската клупа во официјалните натпревари. Причината поради тоа е што неговиот претходник Кике Сетиен и натаму не ја напуштил официјално Барселона.

Да, Барса со Куман веќе одигра две пријателски натпревари против Химнастик и Џирона, но Холанѓанецот и сè уште го нема правото да го води клубот во шпанската „Ла Лига“.

Се чека потврда на раскинот на договорот помеѓу Сетиен и Барса, а двете страни преговараат околу надоместокот која го бара поранешниот стратег на екипата од „Камп Ноу“.

Сетиен го презеде тимот од Ернесто Валверде, а сега тој сака Барса да му ги исплати парите договорени во договорот, без оглед на предвременото раскинување на соработката.

Барса, барем номинално, го реши проблемот со Меси, кој реши да остане во клубот, но тоа не значи дека атмосферата на „Ноу Камп“ се врати во нормала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот