Кулушевски кандидат за најдобар млад фудбалер во Европа

фото: твитер

Европската фудбалска куќа (УЕФА) го објави скратениот список на играчи кои се во трката за признанието „Златно момче“.

Во листата се наоѓа и шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски (20) кој моментно ги брани боите на Јувентус.

Во изборот влегуваат само фудбалери на возраст до 23 години, а покрај Кулушевски кандидати за најдобар млад фудбалер во Европа се и двајцата членови на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо.

Следуваат левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, крилните напаѓачи на Реал Мадрид, Родриго и Винисиус Жуниор, тука е и крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, како и суперталентираниот Едуардо Камавинга од редовите на Рен.

На списокот се најдоа уште: Мичел Бакер (ПСЖ), Џонатан Дејвид (Лил), Сержињо Дест (Барселона), Фабио Силва (Вулверхемптон), Фил Фоден (Манчестер сити), Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед), Калум Хадсон-Одои (Челси), Букајо Сака (Арсенал), Сандро Тонали (Милан), Доминик Собослај (Лајпциг), Феран Торес (Манчестер сити) и Равен Грејвенберш (Ајакс).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот