Култното дело на вампирската фикција „Кармила“ е објавено во издание на „Чудна шума“

Книгата „Кармила“ е култно дело на вампирската фикција, книгата што го инспирирала Брем Стокер да го напише „Дракула“. Станува збор за готска новела од 1872 година од ирскиот автор Џозеф Шеридан Ле Фанју.

Првобитно објавена како серијал во „Темносино“ (1871-72), приказната ја раскажува млада жена што ја демне женски вампир по име Кармила, изразувајќи романтични желби кон протагонистката. Приказната е честопати антологизирана и многупати е адаптирана за филм и други медиуми.

Новелата е објавена како издание на „Чудна шума“, преводот од англиски јазик е на Владимир Стојановски, илустрацијата и дизајнот на корицата е на Хари Дудески, а објавата на книгата е поддржана од „Литература Ирска“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 121, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20 март 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот