Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи – За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ

Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски  различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој во изјава за бугарското радио „Фокус” вели дека постои тешка и комплексна дебата за суштинските вредности и за тоа каде македонските политичари сакаат да ја видат својата земја.

– Некои се залагаат за тоа земјата да се врати таму каде што беше пред три години, а други ја поддржуваат идејата дека треба да продолжи да се развива на патот кон НАТО и ЕУ. Постојат и некои други идеи, кои доаѓаат главно од партии кои имаат за цел да привлечат гласачи од албанското малцинство, вели Ќучук.

Според него, нема посебни ризици за изборната кампања во Република Северна Македонија, нема бојкот, сите политички сили ги повикуваат граѓаните да гласаат на 15 јули.

Ќучук посочува и дека постои дебата меѓу младите за иднината на земјата во ЕУ, слично како што беше и во Бугарија пред нејзиното зачленување во Унијата пред неклку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот