Кучето на најтрофејниот тренер во НФЛ го украде шоуто кое одеше во живо (ФОТО)

Драфтот во НФЛ лигата секоја година е меѓу петте најгледани спортски настани во САД, тоа е шоу кое има поголема гледаност и од ол стар натпреварот во НБА лигата и трае дури три дена.

Во првиот ден се избираат пиковите од првата рунда на драфтот, во вториот ден пиковите од втората и третата, и во третиот ден се финишира драфтот.
Во вториот ден од НФЛ драфтот, главна ѕвезда на шоуто беше кучето на најтрофејниот тренер на денешницата, Бил Беличек, кој го предови Њу Ингланд петриотс.

Поради пандемијата на коронавирусот, комесарот на НФЛ лигата, Роџер Гудел, драфтот го водеше од сопствениот дом, како и челниците на екипите кои го правеа изборот на пиковите.

Њу Ингланд петриотс го имаше правото на 37. избор на драфтот и кога камерите на ЕСПН телевизијата се вклучија директно во домот на Беличек, пред компјутерите беше неговото куче од расата хаска Најк, а режијата го потпиша како „Bill Belichik – Head Coach“.

Прочитајте и...  Антиќ и Гечевски во работна посета на турската кошаркарска федерација
твитер

Кучето мирно гледаше во мониторот и ја следеше ситуацијата на драфтот, а тој момент предизвика воодушевување кај фановите кои реагираа со урнебесни коментари на социјалните мрежи.

Династијата на петриотс е готови. Си замина Брејди, си замина Гронк, а Беличек го замени куче“.
„Луѓето вообичаено ги учат своите кучиња да дојдат и да седнат, а Беличек го учи своето куче како да избира на драфтот“,  се дел од коментарите.

Прв избор на драфтот беше квотербекот на Џо Буроа од Охајо стејт кој беше избран од Синсинати, а втор и трет избор беа неговите колеги од Охајо, Чејн Јанг кој беше избран од Вашингтон, а Џеф Окуда од Детроит.

Прочитајте и...  Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

Прочитај повеќе

Уште еден Македонец во албанскиот шампион Тирана

Слободен печат

Траоре како Усеин Болт: И коментаторот се забавуваше…! (ВИДЕО)

Слободен печат

Алушовски: Вардар како европски првак има цел да го освои турнирот во Струга

Слободен печат

2МФЛ: Лабуништа во првото коло со Кораби, Победа се соочува со Кит Го..!

Слободен печат

После Берлин и Њујорк, откажан маратонот и во Париз!

Слободен печат

Антиќ и Гечевски во работна посета на турската кошаркарска федерација

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Играчот на Јувентус Кулушевски на одмор во Охрид (ФОТО)

Слободен печат

Фудбалер на Барселона има коронавирус

Слободен печат

ЛШ: Дали Аталанта ќе го расипе роденденот на ПСЖ?

Слободен печат

Глигоров: Се враќам во клубот кој сезонава ја брка титулата!

Слободен печат

Која екипа има најголеми шанси да ја освои Лига Европа? (ФОТО)

Слободен печат

Стартува струшкиот турнир со дербито Еурофарм Пелистер-Металург

Слободен печат