Фото: МВР

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Во пукање на кое му претходела банална расправија во сообраќајот и групна тепачка, сосед вчера по полноќ ранил 25-годишен скопјанец, соопшти МВР.

„На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит-пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, потоа Ќ.Ч., заедно со М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М., влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката. Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот