Пакистанска армија EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

Масакр во Пакистан: 15 полицајци загинаа во напад на бомбаш-самоубиец

По самоубиствениот бомбашки напад следувале експлозии и пукање започнати од тешко вооружени милитанти. Шефот на градската полиција, Саџад Кан, изјави за новинарите дека уште тројца полицајци биле повредени во бомбардирањето.

Најмалку 15 полицајци вчеравечер беа убиени во напад со огнено оружје и со бомби, еден од најтешките во последните неколку месеци, што се случи во северозападен Пакистан, објави „Анадолија“.

Инцидентот се случил во областа Бану, соопшти висок полициски функционер, во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, кога осомничен бомбаш-самоубиец со своето возило полно со експлозив удрил во полициски контролен пункт.

По самоубиствениот бомбашки напад следувале експлозии и пукање започнати од тешко вооружени милитанти, се вели во извештајот. Шефот на градската полиција, Саџад Кан, изјави за новинарите дека уште тројца полицајци биле повредени во бомбардирањето.

По експлозијата, терористите отвориле силен оган врз пунктот од повеќе правци. Во областа се слушнале повеќе детонации, што предизвикало страв и паника кај локалните жители. Безбедносните сили започнале контраоперација, но засега нема информации за жртви меѓу терористите.

Премиерот Шехбаз Шариф го осуди инцидентот и им нареди на безбедносните сили да ги преземат сите неопходни мерки за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Областа Бану, која граничи со немирната племенска област Северен Вазиристан, долго време е жариште на насилство, каде што и цивилите и локалните безбедносни сили честопати се цел на напади.

Во изминатите години, Пакистан бележи пораст на милитантните напади, главно извршени од Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), група која според Исламабад дејствува од Авганистан – обвинение кое Кабул го негира.

Пакистан и Авганистан продолжуваат со разговорите за мир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот