Талибанецот Анас Хакани/ Фото Stian Lysberg Solum / AFP / Profimedia

Пакистан и Авганистан продолжуваат со разговорите за мир

Пакистан ги продолжува разговорите со Авганистан за да се стави крај на најлошиот конфликт меѓу двете соседни земји откако Талибанците се вратија на власт во 2021 година, соопшти портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот истакна дека високи претставници од двете земји учествувале во разговорите во северозападниот кинески град Урумки, објави Ројтерс.

Разговорите започнаа откако двете страни ја прифатија понудата на Кина за медијација и е предвидено да продолжат во наредните денови.

Средбата во Урумки следеше по посетата на пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар на Пекинг, каде што тој и неговиот кинески колега Ванг Ји разговараа и за пошироки регионални прашања и дипломатски напори.

Пакистан го обвинува Авганистан дека им обезбедува засолниште на екстремистите, особено пакистанските талибанци, кои вршат напади од негова територија, обвинение кое го негираат властите во Кабул.

Судирите, кои ескалираа кон крајот на февруари, претставуваат најлошо насилство меѓу двете земји во последните децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот