Крмов: Која „храброст“ е потребна за болен човек да влезе меѓу здрави луѓе и да ги стави на ризик?

фото Архива

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов на својот профил реагираше за неодговорната и нехумана постапка од страна на двајцата ковид позитивни колеги, кои беа присутни на собраниската седница. Тој порача дека скафандерот служи само за да го заштити лицето кое го носи од контаминирана околина, а не обратно.

-Која „храброст“ е потребна за болен човек да влезе меѓу здрави луѓе и да ги стави на ризик? никаква! Тоа е неодговорност и лудост, а во случајов и криминал!
-Храброст е потребна кога здравствените работници работат со болни за да им помогнат и со тоа самите се на ризик!
-Колешката Бисера и колегата не беа изложени на никаков ризик туку обратно, сите службеници и пратеници во Собранието беа од нив!
-Скафандерот служи само за да го заштити лицето кое го носи од контаминирана околина, а не обратно.
-Скафандери мораше да носат собраниските службеници кои ја пречекаа, а тие беа само со хируршки маски!
-Собраниските службеници ниту се здравствени лица специјално обучени за ракување со болни од заразни болести, ниту носеа соодветна заштитна опрема. Каков протокол е тоа?
-Колешката сама го облекувала скафандерот што значи го има контаминирано. Каде е тука заштитата?
-И на крај, дојде на работа со возило на Брза помош кое сама го платила, небаре е такси.
-Кој ќе одговара ако некој од службениците или пратениците се зарази или не дај Боже почине од вашиот циркус? КОЈ!?, вели тој во својата фејсбук објава.

 


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот