Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Кривична за кичевец вработен во Шумско стопанство

МВР поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој на 29 април лани во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник” од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да  изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“.

-Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми” било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми”. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари, стои во соопштението.

Еден тешко повреден во сообраќајка кај Кичево

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот