
Кристофер Нолан стана најплатениот режисер на сите времиња
Кристофер Нолан стана најплатениот режисер на сите времиња по неговиот последен филм „Опенхајмер“. Филмот од 2023 година ја следи приказната за научникот Џ. Роберт Опенхајмер, кој го игра Силијан Марфи, и неговата улога во развојот на атомската бомба што се користеше во Втората светска војна, пренесува „УНИЛАД“.
Препорачано
На 96-тото доделување на Оскарите на 10 март, Опенхајмер освои седум награди, меѓу кои и за најдобар филм. Марфи го освои Оскарот за најдобар актер, додека Нолан освои две награди, вклучувајќи ја и најдобрата режија.
„Variety“ пренесува инсајдерски извори дека Нолан заработил нешто помалку од 100 милиони долари за режијата на најголемиот минатогодишен филм. Во таа бројка е вклучена неговата плата, бонус за успешна продажба на билети за филм и награда за неговиот триумф на Оскарите.
Буџетот за снимање на Опенхајмер беше 100 милиони долари. Иако тоа е многу, филмот заработи неверојатни 958 милиони долари ширум светот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5