Кристи Бринкли и во седмата деценија изгледа 30 години помладо: Тајната е во вегетаријанската исхрана

Актерката и поранешна манекенка Кристи Бринкли (66) може да се пофали со завидна фигура и одличен изглед во седмата деценија.

Поминаа скоро четири децении откако првпат позираше во костим за капење на насловната страница на познатиот „Sports Illustrated“, за минатата година повторно да се фотографира, но овој пат позираше со своите две ќерки.

Инстаграм – Кристи Бринкли

Многу жени ширум светот се прашуваат која е тајната на нејзиниот изглед, а таа неодамна истакна дека е многу важно што внесувате во вашето тело.

Се обидов со неколку прилично чудни диети на почетокот затоа што мислев дека тие се клучот за добра линија. Се случи многупати да пијам само сок во текот на денот или да јадам само една група храна со денови, а потоа сфатив дека нема смисла и дека нема да постигнам добри резултати на долг рок – рече Кристи.

Фотографија од почетоците на нејзината кариера – Инстаграм Кристи Бринкли

Тајната на витката линија и убава кожа е правилната и избалансирана исхрана. Кристи е вегетаријанец и тврди дека вегетаријанската исхрана и помогнала да одржува здрав тен и добра форма.

Најмногу ми се допаѓа вегетаријанството како начин на исхрана и има многу избор на храна во која може да се ужива без ограничување. Забележав дека кожата ми изгледа поубаво и дека се чувствувам многу подобро – истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот