Бренан Џонсон/Crystal Palace FC

Кристал палас сруши рекорд за фудбалер кој даде гол против Македонија

Кристал Палас официјално го претстави своето новозасилување, откако постигна договор со велшкиот офанзивец Бренан Џонсон, кој во редовите на клубот пристигнува од Тотенхем.

Лондонскиот клуб за овој трансфер издвои 35 милиони фунти, сума што претставува нов клупски рекорд. Со тоа беше надмината досегашната најголема инвестиција, трансферот на Кристијан Бентеке, за кого Палас плати 27 милиони фунти.

Џонсон и понатаму ќе остане во Лондон, но ќе ја смени страната на градот и од северниот дел се сели во јужен Лондон, каде ќе го носи дресот на „орлите“.

Велшкиот репрезентативец ѝ е добро познат и на македонската јавност, бидејќи беше еден од стрелците за Велс на натпреварот против Македонија во Кардиф, кој нашата селекција го загуби со убедливи 1-7.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот