Крилото на Таравари најави конгрес на партијата за утре во 19 часот

Арбен Таравари - претседател на алијанса на албанците / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Крилото на Таравари најави дека утре во 19 часот ќе одржи конгрес на партијата. Приврзаниците на Села, пак, соопштија дека нема промена на претходно закажаниот конкрес и дека истиот ќе се одржи во недела во 13 часот. Тие соопштуваат дека после одржаното Централното собрание ќе се одлучува за иницијативата за разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари.

Приврзаниците на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците за утре во 19 часот во хотелот „Александар палас“ закажале вонреден конгрес на партијата. Информацијата на социјалната мрежа Фејсбук ја објави Халил Снопче, пратеникот од Алијанса за Албанците, кој изминатиот период му дава поддршка на Таравари.

„Врз основа на член 31, точка 1, од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес утре, петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“, напиша тој на Фејсбук.

Министерот за правда, Кренар Лога, пак, кој пак застана зад крилото на Зијадин Села на својот Фејбук профил објави дека конгресот на Алијанса за Албанците е закажан да се одржи во недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје, како и дека, како што соопшти, секоја друга информација се смета за шпекулација.

„Во недела се одржува 4. конгрес на Алијанса за Албанците. Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“, напиша тој.

Оттаму за утре во 13 часот во канцелариите на Алијансата за Албанците во Тетово најавија и прес-конференција за медиумите, на која ќе бидат објавени детали за последните случувања во партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот