Владимир Путин - Доналд Трамп / Фото: EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN

Кремљ смета дека нема потреба наскоро да се одржи средба меѓу Трамп и Путин

Русија се дистанцира од идејата за одржување средба меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, за војната во Украина.

Нема потреба „брзо да се закажува средба во овој момент. Сега е потребно многу внимателно да се работи на деталите од договорот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе новинска агенција ТАСС.

По телефонскиот разговор со Путин на 16 октомври, Трамп рече дека се надева оти во рок од две недели во унгарската престолнина Будимпешта ќе се одржи самит меѓу двајцата лидери за да се стави крај на војната во Украина.

Сепак, подоцнежните контакти меѓу Вашингтон и Москва се чини дека ги убедија американските претставници дека Русија не е подготвена да се откаже од своите максималистички барања кон Украина.

Трамп потоа одлучи да го одложи самитот на неодредено време, велејќи дека тоа би бил „залуден состанок“, а на 22 октомври, за прв пат воведе строги санкции врз две руски нафтени компании.

Песков го повтори ставот на Москва и ги отфрли повиците на САД, Европа и Украина за прекин на огнот пред почетокот на преговорите. Кремљ бара политички договор пред да завршат борбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот