Kрапот да се пласира како преспански бренд, бараат рибарите од Пустец

Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Рибарите од Општина Пустец, каде живеат над 5 илјади жители-Македонци бараат крапот да се пласира како преспански бренд.

– Во општина Пустец, каде на брегот на Преспанско Езеро, се распослани девет села, со над 5 илјади жители-Македонци, за дел од нив главен извор на егзистенција е риболовот, посебно ловот на познатиот преспански крап. Во општината има 50 лиценцирани рибари кои секојдневно во водите на Преспанското Езеро ловат риба, тука секако и познатиот преспански крап. Нивното здружение бара крапот да се пласира како бренд на нивното езеро, бидејќи според нив, со преспанскиот крап манипулираат трговците од различни околии, пренесува весникот „Македониум“.

Тие исто така во континуитет бараат постоење на два пункта за складирање на уловената риба.

– Нашето здружение на рибари бара отворање на два пункта, еден во Пустец и еден во Туминец. Ние не може со сопствени средства да ги изгради овие пункта, па бараме поддршка од општината, вели Тоди Јоно од село Пустец.

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски информираше дека по барање на риболовното друштво побарал финансиска поддршка од Министерството за земјоделство за изградба на овие два пункта.

Идентично барање има и од Здружението на рибари од Поградец, кои во најголем број случаи количината уловена риба ја чуваат и ја продаваат сами како ќе се снајдат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот