Кралските кучиња – Милениците на кралицата Елизабета имаат посебно мени (ВИДЕО)

Кралското семејство веќе со генерации има и одгледува иста раса на кучиња, а тоа е Корги расата. Кралицата Елизабета своето прво куче го добила за 18-от роденден и го нарекла Сузан.

После тоа таа буквално се вљубила во оваа раса и одгледувала 30 миленици од расата Корги.

Иако кралицата ги обожава своите кучиња и им дозволува да шетаат низ целата палата, нејзините внучиња не се многу воодушеви од тоа, а и принцот Вилијам и принцот Хари кога биле помали се нервирале поради постојаното лаење на кучињата.

profimedia

Покрај тоа што уживаат во кралскиот дворец, на кучињата на кралицата секојдневно им се сервира и свежо подготвена храна. За кралските кучиња секој ден мора да се подготви нешто ново. Тие јадат различни видови на месо, зелка и ориз. Месото мора да биде исецкано на ситни коцкички со цел да нема коски во него. Од месо најчесто јадат пилешко, говедско, зајачко и џигер. Некои од оброците се мешаат со зелка или ориз или пак се состојат само од месо.

Кралицата секогаш сама ги хранела своите миленици, па така готвачот не знаел да каже кој миленик која храна ја обожава, но едно видео на јутјуб платформата раскажува интересни детали за кучињата на кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот