Кралицата не крие која и е миленичка: Кејт Мидлтон за годишнината од брак добила вистинско изненадување!

За Кејт Мидлтон понеделникот бил особено свечен ден и тоа не само поради 8-годишнината од венчавката со принцот Вилијам, туку и поради признанието кое го добила од неговата баба, кралицата Елизабета.

Кралицата ја прогласила Кејт за дама на Големиот крст од Кралскиот викторијански ред, највисокиот можен ранг.

Кралскиот викторијански ред го основала кралицата Викторија уште во 1896-та година, за да може да ги препознае луѓето кои и помагале и ја застапувале.

Владејачкиот монарх лично одбира кој ќе ја носи оваа титула.

Оваа титула Кејт ја сместила во многу сериозно друштво. Помеѓу витезите и дамите на Големиот крст се и синовите на кралицата, принцовите Ендру и Едвард и војвотката од Корнвол, Камила.

Оваа позиција е создадена во 1937 година и на неа била мајката на кралицата се до својата смрт во 2002 година.

Кралицата Елизабета на таа позиција ја именуваше својата ќерка, принцезата Ана во 2007 година.

Мажот на кралицата, принцот Филип титулата Витез на Големиот крст од кралскиот викторијански ред го доби во 2017 година на 70-годишнината од бракот со Елизабета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот