ABACA / Abaca Press / Profimedia

Кралицата Камила избра посебен накит за историската средба со папата

За официјална посета на Ватикан, кралицата Камила избрала многу лично парче накит што длабоко ја одразува нејзината поврзаност со нејзиното семејство, особено со нејзините внуци.

Таа носеше елегантен свилен фустан од дизајнерката Фиона Клер и црн превез од изработувачот на шешири Филип Трејси, во знак на почит кон традиционалниот кодекс на облекување при посета на Светиот Отец.

Накитот што го избра беше особено импресивен: носеше брош со крст што некогаш ѝ припаѓал на нејзината покојна свекрва, кралицата Елизабета II.

Vandeville Eric/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Покрај тоа, таа носеше и ѓердан кој е исклучително личен и сентиментален – тоа е златен приврзок со скапоцен камен кој ги содржи иницијалите на нејзините пет внуци, симболизирајќи ја нивната блиска емоционална поврзаност. Внуците – Лола, Фреди, Гас, Елиза и Луис – се многу важни во нејзиниот живот, а овој ѓердан е постојан потсетник за семејната љубов што ја носи со себе на важни церемонии и државни настани.

Кралицата сака накит со лично значење

Кралицата Камила е позната по тоа што често избира накит со длабоко лично значење, а оваа година, за да ја одбележи 20-годишнината од бракот со кралот Чарлс за време на официјалното патување во Италија, таа избра и други елегантни парчиња како што е тиркизен и дијамантски ѓердан што ѝ припаѓал на нејзината мајка. Преку накитот и модни додатоци, таа го покажува својот однос кон семејството и традицијата, а во исто време испраќа пораки за наследството и поврзаноста со минатото на суптилен, но импресивен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот